Еве колку заработува Јелена Карлеуша

Еве колку заработува Јелена Карлеуша

Членовите на жирито на Ѕвездите на Гранд на снимањето на новите епизоди имаа интересен разговор за заработувачката на настапите.

Јелена Карлеуша во таа прилика откри дека месечно заработува повеќе од Аца Лукас, но и од нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

Луѓе јас заработувам повеќе од мојот Душко. И тоа на месечно ниво. Имам многу настапи, па поради тоа заработувам добро. Немам грижи. – изјави таа и додаде дека не би можела да се замисли себе како зависи од нејзиниот сопруг.

Ја сакам сама себе да се финансирам, а не да барам од него. Сакам да купувам работи и затоа секогаш имам мои пари и само моите пари сакам да ги трошам. – изјави Карлеуша.

Иако ЈК не сакаше да ја открие сумата, со проста пресметка можеме да ја дознаеме нејзината заработувачка на месечно ниво. Бидејќи заработувачката на Душко е јавна, а таа изнесува 1.250.000 евра годишно, што значи дека Карлеуша за месец дена заработува повеќе од 100.000 евра.