Еве кој ќе биде во жирито на Твоето лице звучи познато

И додека публиката со нетрпение чека да открие кои ѕвезди ќе се натпреваруваат во хит-шоуто „Твоје лице звучи познато“, продуцентите веќе избраа кој ќе биде во жирито.

Имено, Горан Стаменковиќ, првиот човек на Emotion, објави фотографија со Жељко Јоксимовиќ и Владо Георгиев, информирајќи ја јавноста дека баш тие ќе ги оценуваат и коментираат натпреварувачите секоја недела.

Интересно, во медиумите со години кружи дека овие двајца пејачи не се во добри односи. Се започна во 2014 година кога Жељко Јоксимовиќ го напушти фестивалот „Сунчане скале“, пред Владо да се искачи на сцената како главна ѕвезда на вечерта.