Ева Лонгорија со сопругот и синчето на црвениот тепих во Кан

Ева Лонгорија со сопругот и синчето на црвениот тепих во Кан

Како амбасадор и поддржувач на „Global Gift“, Ева Лонгорија не го пропушти синоќешниот добротворен настан на фондацијата одржан во рамките на Канскиот филмски фестивал.

44-годишната актерка зачекори на црвениот тепих покрај синчето Сантијаго и сопругот Хозе Пепе Бастон. Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ изгледаше гламурозно во блескава креација од Jonathan Simkhai, додека нејзините најважни мажи носеа црни костуми и црни машни. „Global Gift“ е непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на деца, жени и семејства.