Ева Лонгорија со синчето во фотосесија за „Parents“

Ева Лонгорија со синчето во фотосесија за „Parents“

Ева Лонгорија и малиот Сантијаго се неразделни. Откако стана мајка, 44-годишната актерка секаде го носи со себе малото синче, без разлика дали станува збор за патувања или работни обврски.

Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ сними фотосесија за „Parents“ со Сантијаго, кој овој месец наполни една година. Таа со широка насмевка позираше со слаткото детенце.

„Чувствувам дека денес има поголем притисок за тоа да воспиташ добар маж во овој свет и да се осигуриш дека тој ќе ги разбира феминизмот и рамноправноста“ – вели Ева.