Ева Лонгорија има нов филм

Ева Лонгорија има нов филм

Ева Лонгорија беше гостинка во шоуто „Un Nuevo Dia“ во ТВ Telemundo за да го промовира својот најнов филм „Dora And The Lost City Of Gold“.

44-годишната актерка, која стана мајка пред една година, блескаше во смарагдно-зелен комбинезон од Agent Provocateur во емисијата на Еухенио Дербес. Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ носеше накит на вратот со името на синчето Сантијаго.

„Dora And The Lost City Of Gold“ е авантуристички филм снимен според ТВ серија „Dora the Explorer“ кој ќе започне да се прикажува на 9 август. Изабела Монер ја има главната улога на Дора, додека Лонгорија ја толкува улогата на нејзината мајка Елена.