Ева Лонгорија е жена со голема самодоверба

Ева Лонгорија е жена со голема самодоверба

Ева Лонгорија ужива во мајчинството и не подлегнува на притисокот да се врати во топ форма веднаш по породувањето.

43-годишната актерка присуствуваше на галата „Women of Worth“ на L’Oréal во Њујорк, каде зачекори во елегантен црно-бел комбинезон. Шармантната ѕвезда од „Очајни домаќинки“ изјави дека сака да му даде време на своето тело да се прилагоди на постпородилниот живот.

„Дефинитивно не подлегнувам на каков било притисок. Па, ако луѓето велат: ‘Побрзај и ослаби’, јас не знам, бидејќи не ги слушам.“

„Имам неверојатни жени во мојот живот – мајка ми, моите сестри – кои уште од мали нозе навистина ме научија да ценам колку вредам. Доаѓам од семејство со силни жени, па би било невозможно да ја изгубам самувереноста“ – изјави Лонгорија за People.

„Му дадов време на моето тело да се прилагоди на постпородилниот живот. Знаете, тоа роди бебе. Создаде човечки живот, па затоа не бев многу строга да се врати веднаш во форма“ – неодамна изјави Ева за Us Weekly.