Етикета која ни покажува кога храната е расипана!

Храната и нејзината расипливост се доста деликатни теми и не секогаш можеме лесно да процениме дали некој продукт кој го имаме во фрижидерот е сè уште добар за јадење.

Сега, со мала помош од науката, постои евтин сензор кој би можел да ги замени датумите отпечатени на етикетите на храната која што ја купуваме.Истражување презентирано на 254-тата национална средба на Американското хемиско здружение од страна на Силвана Андреску, од универзитетот Кларксон, објаснува како овие сензори функционираат, како многуте можни начини за нивна употреба во вистинскиот свет.

Таа објаснила дека нејзината лабораторија создала разновидна платформа од сензори која ги вклучува сите потребни реагенси за детекција на едно парче хартија. Истовремено, таа е адаптибилна и може да реагира на загадувачи на храна, антиоксиданси и слободни радикали кои се знаци на расипување на храната.

Се користат стабилни неоргански честички кои кога имаат интеракција со супстанците кои сакаме да ги детектираме, менуваат боја,  а нејзиниот интензитет покажува колку аналитот (супстанцата која што се мери) е концентриран.

Технологијата е сè уште во зачеток, но истражувачите имаат замисла ова истражување да го инкорпорираат во создавање на етикети за производи кои би ни покажувале кога тие се расипани и е време да се фрлат.

Покрај, на пример, за спречување да испиете расипано млеко или јогурт, тие би можеле да се користат за автентикација на чаеви или вина според нивниот состав на антиоксиданси или пак за детектирање на салмонела и E.coli во месата за да се спречат труења.