Естетиката пред услугата кон купувачите, профитот на “Apple” се намалува

Естетиката пред услугата кон купувачите, профитот на “Apple” се намалува

Продавниците на “Apple” ширум светот повеќе не се тоа што биле.

Од естетска гледна точка, тие се совршено уредени, но немаат квалитетни вработени, кои на купувачите ќе им ги дадат вистинските информации за производите.

Овој технолошки џин, инаку, има 504 продавници во целиот свет.

И изгледа дека фокусот на купецот, кој на почетокот им бил најважен, никаде не функционира како што треба.

“Genius Bar”, просторот кој бил место за техничка поддршка, се почесто е заменет со концепт според кој неколку вработени едноставно шеткаат по продавницата, а во исто време на купувачите им е се потешко да ги најдат и од нив да добијат совет или информација, пишува “Bloomberg”.

Затоа и не не’ чуди падот на приходите во Apple.

Можеби овој проблем ќе успее да го реши Деидре Обрајан, новата директорка за малопродажба, чие доаѓање во јануари го најавил Тим Кук, прв човек на “Apple”.

Таа на тоа место ќе го наследи Ангела Ахрендтс под чија управа продавниците на Apple почнале да изгледаат како луксузни продавници за накит, наместо како продавници за технолошки производи. Изгледа дека нејзината визија за “Apple”, кој не е само произведувач, туку претставува и стил на живот и начин на размислување – не е баш најдобар начин за зголемување на профитот.