Ешли Греам во сексипилно издание

Ешли Греам во сексипилно издание

Ешли Греам, американска манекенка и прва плус-сајз манекенка ги помести границите и предрасудите за женското тело и перцепцијата на женската убавина.

Таа повторно беше во центарот на вниманието, објавувајќи голи селфиња од сопствената бања, славејќи го сопственото тело. Она што може да шокира некои можеби не е голотијата, туку гордоста што ја чувствува Ешли поради нејзината фигура, со сите стрии и килограми кои не сме навикнати да ги гледаме на инаку филтрираните слики од социјалните мрежи.

Ешли постави нови цели – да го нормализира женското тело по породувањето и да се соочи со нереалните барања на општеството, кое очекува жените за чудо да се вратат на истата тежина и мерките што ги имаа пред бременоста и породување.