Ериксен сака трансфер во Шпанија!?

Ериксен сака трансфер во Шпанија!?

Кристијан Ериксен, го одложувал потпишувањето на новиот договор, иако од клубот му понудиле двојно поголема плата, односно му понудиле плата од 140.000 фунти неделно.

Според англиските медиуми Ериксен ги влечел со преговорите бидејќи сакал трансфер во Шпанија, односно во Реал или Барселона.

Актуелниот договор на Данецот со Тотенхем истекува во јуни 2020 година, што значи дека во летниот преоден рок ќе биде трансфер цел на овие два тима. И покрај интересот на Реал и Барселона Тотенхем немаат намера да се откажат од Ериксен.

Данецот игра за Тотенхем од пред пет години, кога за 12 милиони евра во Лондон пристигна од Ајакс.