Епско полуфинале на Вимблдон, Надал и Федерер на мегдан

Епско полуфинале на Вимблдон, Надал и Федерер на мегдан

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во четвртфиналето на Вимблдон лесно го совлада Сем Квериј и си закажа спектакл во полуфиналето против стариот познаник Роџер Федерер.

Надал важеше за голем фаворит против американскиот тенисер што го докажа и на теренот. Мечот меѓу Надал и Квереј траеше само два часа, а на крајот Шпанецот славеше со 3:0 во сетови.

Првиот сет понуди најмногу возбудувања бидејќи Квереј пружи одличен отпор, а овој сет траеше временски колку и преостанатите два. Иако Американецот одлично играше, на крајот првиот сет Надал го доби со 7:5.

Во продолжението од мечот се виде дека Квереј нема сили ни квалитет да му направи проблеми на Надал и беше јасно дека Шпанецот оди во полуфиналето. Надал вториот и третиот сет ги доби со по 6:2 и го заврши прашањето околу победникот во овој меч.

Во полуфиналето не очекува вистински тениски класик и спектакуларен дуел на старите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал кои по цели 11 години ќе се соочат на култната трева во Лондон, додека во второто полуфинале ќе играат Ѓоковиќ и Баутиста.