Енрике Иглесијас стана татко по трети пат

Енрике Иглесијас стана татко по трети пат

Енрике Иглесијас и Ана Курникова имаат за што да се радуваат. Славниот пар го доби своето трето дете.

Среќната вест ја потврди неговиот брат, Хулио Иглесијас Џуниор, во интервју за радио емисија.

Тој изјави дека третото дете на Енрике и Ана се роди, но одби да го открие полот на бебенцето.

Веста за бременоста на Ана одекна неодамна, откако таа беше фотографирана со трудничко стомаче.

Ана и Енрике се обидуваат да го чуваат нивниот приватен живот што подалеку од медиумите и јавноста. Тие се во врска 18 години и имаат двегодишни близначиња, Луси и Николас.