Семејството на Енрике Иглесијас и Ана Курникова ќе се прошири за уште еден мал член.
Шпанското списание „Hola“ објави дека славниот пар го очекува третото дете.
Минатиот месец, Курникова беше фотографирана во Мајами и тогаш започнаа гласините за нејзината бременост. Енрике и Ана ги добија близнаците Николас и Луси во декември 2017 година, а целата бременост успеаја да ја сочуваат во тајност.