Енрике Иглесиас и Ана Курникова објавија фотографија од малата Мери

Енрике Иглесиас и Ана Курникова објавија фотографија од малата Мери

Енрике Иглесиас и Ана Курникова на почетокот на оваа година се остварија во улогата на родители.

Тие речиси никогаш не објавуваат фотографии од наследничките, но овојпат не можеа да одолеат и направија исклучок.

Ана на својот „Инстаграм“ објави фотографија од малата Мери која е облечена во бело фусанче кое потсетува на вимблодонскиот стил.