Ендрју Богут ја засилува центарската линија на Голден Стејт

Ендрју Богут ја засилува центарската линија на Голден Стејт

Голден Стејт Вориорс и оваа сезона сака да дојде до шампионската титула во НБА лигата, а за таа цел клубот од Оукленд ќе повлече уште еден значаен потег и ќе ја засили центарската линија.

Како што пренесуваат американските медиуми воините се на добар пат да го вратат во своите редови искусниот Ендрју Богут, играч кој беше член на шампионската генерација на овој тим во 2015 година.

Богут во изминатва сезона беше дел од Сиднеј Кингс во Австралија, тим за кој имаше одлични партии и беше прогласен за МВП. Токму овие изданија беа доволен показател за Голден Стејт да тргнат во акција повторно да го ангажираат и тоа најверојатно ќе се се случи кога ќе се комплетираат одредени формалности како работната виза и зелено светло од ФИБА по што ќе може да потпише договор до крајот на сезоната.

Ендрју своевремено беше прв пик на драфтот во 2005 година, а во својата НБА кариера беше дел од Милвоки, Далас, Кливленд и Лејкерс.