Енди Мареј најави крај на кариерата, а прв со коментар се јави Рафа Надал

Енди Мареј најави крај на кариерата, а прв со коментар се јави Рафа Надал

Енди Мареј утрово ја шокираше јавноста кога на емотивна прес конференција најави дека Австралија Опен веројатно ќе биде неговиот последен турнир во кариерата.

Мари кој е освојувач на три Грен слем турнири и е поранешен тенисер број еден во светот истакна дека не може да ги надмине проблемите со повредата на колкот и дека големото натпреварување што претстои во Австралија е негов последен турнир.

Со порака на социјалната мрежа „Инстаграм“ прв се јави Рафаел Надал кој интересно, никогаш не се сретнал со Мари во големите финалиња на грен слем турнирите.

– Не си свесен колку ќе ни фалиш. Ти си пример на неверојатен спортист и голем човек – напиша Надал на „Инстаграм“.

Енди Мареј беше првиот Британски шампион на Вимблдон кога во 2013 година го порази Новак Ѓоковиќ во финалето на најпрестижниот тениски турнир.