Енди Мареј ја заврши сезоната поради повреда

Енди Мареј ја заврши сезоната за оваа година.

Мареј во соопштение за медиумите вели дека ќе се обиде да се опорави од повредата и потврди дека нема да учествува на турнирите во Шангај и Пекинг.

За жал нема да бидам во можност да се натпреварувам во Пекинг и Шангај, но и на двата последни турнира за 2017 година, во Виена и Париз. По опоравувањето од повредата, верувам дека ќе бидам подготвен за турнирот во Бризбејн наредната година и за Австралија опен – изјави Енди.