Ен Хетавеј повторно бремена

Ен Хетавеј повторно бремена

Ен Хетавеј го покажа пораснатото трудничко стомаче и објави дека е бремена со второто дете.

36-годишната оскаровка во кратка порака откри дека имала проблеми со зачнувањето на двете деца и им испрати многу љубов на сите оние кои се соочуваат со неплодност.

„Не е за филм… Број 2. Шегата настрана, сите кои минувате низ пеколот на неплодноста и зачнувањето, ве молам знајте дека не беше права линија до ниту една од моите бремености. Ви испраќам екстра љубов“ – напиша славната холивудска ѕвезда на Instagram.

Ен и нејзиниот сопруг Адам Шулман стапија во брак во септември 2012 година, а станаа родители на 24 март 2016 година. Тие имаат синче, кое го носи името Џонатан Роузбенкс.