Емина Јаховиќ во креација во бојата на годината

Емина Јаховиќ во креација во бојата на годината

Емина Јаховиќ блесна на синоќешната церемонија во Белград по повод доделувањето на првите регионални музички награди.

На свеченоста во Штарк арената, 37-годишната пејачка шармираше во креација во бојата која ќе ја одбележи 2019 година. Фустанот е креиран специјално за неа и е дело на нејзината пријателка Тувана Бујукчинар.

Популарната пејачка доби две награди – за Најдобра соработка за дуетот со Жељко Јоксимовиќ „Два авиона“ и за Најдобро музичко видео за „Лимунада“, која ја сними со Милица Тодоровиќ.