Емина Јаховиќ откри зошто никогаш повеќе нема да се омажи

Емина Јаховиќ откри зошто никогаш повеќе нема да се омажи

Емина Јаховиќ оваа година му стави точка на бракот со Мустафа Сандал со кого има и две деца, откако во јуни годинава по 12 години брак судски се разведоа.

По бурниот период таа пронајде утеха во милијардерот Седетин Саран, а по ова се појавија гласини дека пејачката повторно ќе се мажи.

 

Емина по ова за српските медиуми реши да даде изјава и да одговори зошто никогаш повеќе нема да се омажи:

-Мене е тешко да ме освој човек, имам малку врски во животот и тоа може да биде само маж кој ме сака и почитува. Не размислувам за венчавка и не сакам повеќе да се венчам. Зошто жена која се остварила како мајка и поминала развод повторни би рекла „ДА“? Заради што?, прашува Емина и додава дека од секогаш сакала да има ќерка и дека можеби еден ден таа ќе присвои девојче кога ќе ги постигне своите работни планови и амбиции.