Емина и Мустафа заедно отпатуваа во Милано

Емина и Мустафа заедно отпатуваа во Милано

Поп пејачката Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал заедно заминаа на патување.

Имено, тие самите се издадоа кога на социјалните мрежи објавија фотографии со кои докажуваат дека во исто време се наоѓаат на исто место.

Како што пишуваат медиумите во регионот, тие со синовите Јавуз и Јаман престојуваат во Милано, а друштво им прави братот на пејачката, екст-кошаркарот Мирсад Јаховиќ.

Ако се суди според објавите, на Мустафа и Емина им годи заедничкото патување, а пејачката во неколку наврати истакна дека среќата на нејзините деца и е најважна.

View this post on Instagram

Siyah Beyaz bizi bir şekilde çekiyor:))

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24) on