Емили Ратајковски позира за новата колекција на Nasty Gal за сезоната есен-зима 2020.

Емили повторно соработува со модната марка Nasty Gal во кампањата за колекцијата дизајнирана за постудените денови од година. Колекцијата е инспирирана од дизајните на 80. и 90.те години и вклучува зебра принт, тесни фустанчиња, мини сукњи и тесни блузи кои ја следат линијата на телото, мантили од скај со висока сјајност…Модните парчиња пак се комбинираат со мрежасти чорапи, предимензионирани обетки и модни додатоци со висока сјајност или со светки. Тука, важи правилото – повеќе е подобро. Колекцијата е пуштена во продажба на 7.октомври, а цената на модните парчиња се движи од 7 до 250 евра.

