Емили Ратајковски исмејувана поради катастрофално фотошопираната фотографија

Емили Ратајковски исмејувана поради катастрофално фотошопираната фотографија

Емили Ратајковски е една од најпопуларните девојки на Инстаграм, но нејзините обожаватели го прогласија оној кој ги уредува нејзините фотографии за тотално неспособна личност.

Згодната манекенка редовно ги покажува своите облини на социјалните мрежи, но добар дел од нејзините следбеници останаа разочарани од новата фотографија.

♊️

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Задникот кој Емили “суптилно” го фотографирала во огледалото “преживеал” страшен Фотошоп кој е невозможно да не го забележите. Освен што фотошоп мајсторот катастрофално го “уредил” задникот на Ратајковски, тој заборавил да го фотошопира нејзиниот вистински задник.

Иако добила повеќе од еден милион лајкови, бројните обожаватели на манекенката ја предупредиле за лошиот Фотошоп. Сепак, Емили не се обѕира на ваквите коментари и не ја отстранила фотографијата од својот профил.