Емили Ратајковски била сексуално нападната!?

Емили Ратајковски била сексуално нападната!?

Емили Ратајковски го обвини Џонатан Ледер за сексуален напад кој се случил пред 8 години.

Во текстот насловен „Buying Myself Back“, популарната убавица раскажа како во 2012 година била сексуално нападната додека снимала фотосесија со Џонатан во неговиот дом. „Не се сеќавам на бакнување, но се сеќавам како неговите прсти одеднаш беа во мене“ – пишува таа.

Сè започнало кога агентката на Емили договорила таа да сними неплатен едиторијал за списание, со цел да ја зголеми нејзината популарност.

Емили отпатувала до домот на фотографот, каде што на почетокот биле и двете негови деца, а потоа им се приклучила и мајкап артистка. Иако се чувствувала малку непријатно, Емили се трудела да се однесува ноншалантно и самоуверено.

Набрзо, неговите деца заминале, а тројцата останале за да се подготват за фотосесијата.

Мејкап артистката заврши со распакувањето и започна да работи на моето лице додека Џонатан готвеше вечера. Тој ми понуди чаша црвено вино, а поради тремата и желбата да изгледам повозрасна и поумна одошто бев, прифатив и брзо го испив. Пиев големи голтки додека мејкап артистката исцртуваше дебела, црна, влажна линија на моите очни капаци. Ја отворив селфи камерата на мојот iPhone за да ја проверам нејзината работа. Таа ме разубавуваше, трансформирајќи ме да се вклопам во естетската визија на Џонатан.

Кога посла старомодна долна облека на кујнскиот стол, започнав да сфаќам каков тип на девојка тој сакаше да бидам. Мојата агентка не ми спомна дека фотосесијата е по долна облека, но не бев згрижена. Претходно имав снимено безброј сесии по долна облека. Можев да си замислам утредента да ми напише: ‘Му се допадна на Џонатан. Едвај чекам да ги видам сликите!’, како што го правеше во други прилики…

… Кога заврши со готвењето, Џонатан, мејкап артистката и јас седнавме околу кујнската маса и јадевме тестенини како да сме мало семејство. Тој зборуваше за неговата „луда“ бивша жена и неговата афера со „луда“ актерка, коjа тогаш беше 21-годишна. Тој ми раскажа како му се распаднал бракот, дека актерката, која Џонатан ја избрал да глуми во краток филм кој го снимал тогаш, дошла да живее со нив. Тој ми покажа голи фотографии, полароиди, кои ги направил за време на аферата. Таа изгледаше толку ранливо на сликите на Џонатан, иако можев да видам дека се трудеше да изгледа силно и како возрасна. ‘Никој не ја има фотографирано подобро’, рече тој преку рамо додека јас продолжив да листам низ полароидите.

Нешто се активира во мене. Додека ги гледав сликите, станав компетитивна. Овој маж ги има сликано сите тие жени, но јас ќе му покажам дека сум најсекси и најумна од сите. Дека сум специјална…

… Беше мрак и косата сè уште ми беше со витлери додека ја завршував третата чаша вино, усните ми беа пурпурни. Бев навикната на необични сетови за фотосесии, но никогаш претходно не бев во ваква ситуација. Не јадов многу, додека Џонатан тивко ми ја дополнуваше чашата и продолжив да пијам. Бев учена дека во индустријата е важно да имаш репутација на трудољубива и дружељубива личност. ‘Не знаеш со кого ќе снимаш следно’, ќе ме потсетеше мојата агентка.

Откако направиле повеќе фотографии со долна облека, фотографот предложил да продолжат со голотија. По завршувањето на фотосесијата, двајцата се насочиле кон прегледување на фотографиите, а инцидентот настанал откако мејкап артистката заминала на спиење.

„Следно нешто на што се сеќавам е дека беше темно. Жолтите светла беа исклучени, а мене ми беше ладно и треперев под ќебе. Тој ме прашуваше за моите дечковци. Устата ми беше сува, но се сеќавам дека зборував многу. Додека зборував, несвесно си ги триев стапалата едно од друго и од неговите за да се стоплам. Тој ми рече: ‘Ми се допаѓа тоа што го правиш со стапалата’ и тој момент го помнам појасно од сè. Мразам што Џонатан искоментира нешто што го правам цел живот за да се успокојам. Мразам што дури и сега, кога си ги тријам стапалата од студ, страв или умор, помислувам на Џонатан.“

„Она што следуваше ми е матно, освен чувството. Не се сеќавам на бакнувањето, но се сеќавам како неговите прсти одеднаш беа во мене. Посилно и посилно, туркајќи како никој што ме немаше допрено и ме нема допрено оттогаш. Навистина, навистина болеше. Инстинктивно ја подадов раката кон неговиот зглоб и му ги оттргнав прстите од мене со сила. Не реков ни збор. Тој стана наеднаш и исчезна тивко во темнината по скалите“ – раскажува таа.

Следното утро, Џонатан се однесувал како ништо да не се случило. Откако есејот одекна низ светот и Емили наиде на голема поддршка, Џонатан негираше дека се случил нападот и возврати со омаловажувачки коментари.