Емили блесна во жолто-златна комбинација

Емили блесна во жолто-златна комбинација

Емили Ратајковски носеше сатенски жолт фустан на свадбата на дизајнерот Марк Џејкобс во Њујорк.

Емили изгледаше сензационално во сатенскиот фустан во силна жолта нијанса, со миди должина, нагласено деколте и отворен грб. Деталот – марама околу вратот како дел од фустанот додава шик ефект.

Таа жолтиот фустан го комбинираше со сандали со висока потпетица во трендовска златна нијанса.

Изгледот е заокружен со мала златна чантичка, златни кружни обетки и нагласени очи и усна со шминка во нијанса на зрела праска.