Емери побарал од челниците на клубот да најдат начин да го продадат Озил

Емери побарал од челниците на клубот да најдат начин да го продадат Озил

Унаи Емери сака што побрзо да се ослободи од Месут Озил со кого очигледно не се во најдобри односи.

Германскиот фудбалер беше изоставен од тимот за гостувањето кај Вест Хем, а и пред овој натпревар играчот многу ретко добиваше шанса за настап од шпанскиот стратег.

Сега, Емери побарал од челниците на клубот да најдат начин да го продадат Озил пред крајот на јануарскиот преоден рок со цел да се ослободат средства за нови играчи кои се по мерка на Шпанецот.

Продажбата на Озил ќе биде многу тешка со оглед на фактот што тој веќе подолго време не игра на високо ниво, а платата која ја заработува во висина од 350.000 фунти неделно е преголема за секој клуб кој би посакал да го ангажира.