Емери: Не сум сигурен за иднината на Чех во Арсенал

Емери: Не сум сигурен за иднината на Чех во Арсенал

Унаи Емери истакна дека не е сигурен за иднината на искусниот Петр Чех на Емирати.

Некои медиуми од Англија пишуваат дека чешкиот голман би може да го напушти клубот уште во јануарскиот преоден рок, но не ја споменуваат дестинацијата во која би ја продолжил кариерата.

Кога Емери беше запрашан за ваквиот развој на настаните, тој само кратко одговори дека не знае што ќе се случува со Чех во следниот период.

Не знам што ќе се случи, треба да се разговара со клубот и играчот. Чех ја започна сезоната многу добро, одлично се однесуваше на теренот и работеше со голема посветеност. Потоа следуваа некои негови повреди кои ги залечи, па се врати на клупата за резервни играчи.

Јас сум многу среќен со него. Ќе зборуваме за неговата иднина, но во овој момент сакам да се фокусира и да биде истиот на секој тренинг и на секој натпревар- коментираше Емери.