Ема Стоун се вери

Ема Стоун се вери

Познатата актерка откако годинава официјално ја обелодени врската со Дејв МекКари, после 3 месеци криење, се вери со него.

Среќната вест ја споделил Дејв на својот Инстаграм профил и тоа со фотографија на која актерката и тој изгледаат премногу среќно и го покажуваат вереничкиот прстен.

View this post on Instagram

💕

A post shared by @ davemccary on

Инаку, Дејв е сценарист и продуцент на емисијата Saturday Night Live, а со Ема се запознале во 2016 година на сет. Ема пред Дејв беше во врска со ѕвездата од Спајдермен, Ендру Гарфилд, но прекинаа во 2015 година.

Врската со Дејв актерката ја држи подалеку од очите на јавноста па не е чудно што многумина се изненадија кога ја видоа објавата за веридбата.