Ема Стоун ја откажа венчавката

Ема Стоун ја откажа венчавката

Ема Стоун и Дејв Меккари требаше да се венчаат минатиот викенд, но ја одложија церемонијата поради коронавирусот.

31-годишната оскаровка требаше да прошета до олтарот во Лос Анџелес, но откако американскиот претседател Доналд Трамп рече собирите да се ограничат на помалку од 10 луѓе, Ема и нејзиниот вереник одлучија нивната венчавка да почека подобри времиња.

Парот венчавката ја најави во декември, кога Ема го покажа прстенот со дијаманти и бисери.