Ем-ти-ви наградите одложени

Ем-ти-ви наградите одложени

Филмските и ТВ награди на Ем-ти-ви беа одложени на неопределено време поради пандемијата на новиот коронавирус.

Додека некои церемонии се спроведуваат виртуелно, организаторите од Ем-ти-ви не сакаат да го следат тој пример. Има гласини, сепак, дека доделувањето би можело да се одржи во декември, и така да остане засекогаш.

Настанот требаше да се одржи на 15 јуни во Лос Анџелес, со Закари Ливај како домаќин на свеченоста, а на 17 јуни да се емитува снимка на Ем-ти-ви каналите. Ова ќе биде првпат шоуто да не се одржи, откако постои, од 1992 година.