Елиф Елмас е во преговори за трансфер во Наполи

Елиф Елмас е во преговори за трансфер во Наполи

Македонскиот репрезентативец и член на турски Фенербахче, Елиф Елмас е чекор поблиску од остварување на трансферот во Серија А.

Како што пишуваат медиумите во Италија, од Наполи веќе ги започнале преговорите со претставниците на нашиот фудбалер и истите течеле во позитивна насока.

Скај Италија пишува дека преговорите треба да продолжат во текот на денешниот ден и многу скоро се очекува да се постигне и конечен договор.

19 годишниот Елмас е една од приоритетните трансфер цели на спортскиот директор на Наполи, Кристијано Гинтоли за овој преоден рок.