Елен Де Џенерес премиерно утре повторно на TV екраните!

Конечно комичното шоу на Елен Де Џенерес се враќа на малите екрани со нова сезона, а премиерата  е закажана за утре (5ти) и ветува интересни гостувања, нови игри и награди.

Први гости на премиерата ќе бидат Вил Фарел и Марк Волберг, а веќе во следните епизоди од новата сезона ќе се појават и популарните Рис Витерспун, Пинк , Џенифер Лопез, Мајли Сајрус, Квин Латифа, Хајди Клум, Хали Бери и многу други.

Покрај Вил и Марк, се поканети и двајца херои од протестите во Шарлотсвил, кои беа актуелни овој период.