Експертите предупредуваат: Физичката неактивност не е добра по здравјето

Експертите предупредуваат: Физичката неактивност не е добра по здравјето

Спроведено е истражување во светски рамки за да се докаже дека се случил голем пад на човековата активност како резултат на кризата со Ковид-19. 

После неколку недели неактивност, максималното внесување кислород значително се намалува. 

Еве неколку препораки за да започнете постепено со физичка активност:

– Обидете се да се истегнете на секои 30-60 минути во денот.

– Сакајте ги скалите, 10 спрата на ден за почетници и 20 или повеќе спрата за напредните.

– Во случај да седите или лежите подолго време, направете неколку вежби за  активирање на мускулите.

– Подигнете го отчукувањата на срцето секој ден со прилагодување на срцевиот ритам, режимот и времетраењето на тековната кондиција.

– Вклучете вежби за дишење.

– Грижете се за исхраната, внесувањето на течности и квалитетниот сон.

  Доколку во овој период имате намалена активност, ова е идеално време да го промените тоа и да го подигнете нивото на активност, затоа што очекуваме многу од обврските да ни се вратат во секојдневието. Во случај на активност, телото гради или одржува мускулна или коскена маса во зависност од тежината на стимулот и нејзината фреквенција. Истото важи и за кардиоваскуларниот систем. Започнете го денот со 10 минути вежби за мобилност. Поминетее минимум 5000 чекори во текот на денот. Само додека зборувате на телефон, одењето околу станот трае околу 80 чекори во минута!