Ексклузивен дизајн на 2019 Ford Fiesta ST-Line Red

Ексклузивен дизајн на 2019 Ford Fiesta ST-Line Red

Пристигна новата генерација на Ford Fiesta која доби спортски редизајн, а сега изгледа уште подобро и попривлечно.

ST-Line Red е креиран со причина да биде одговарачки автомобил за сите оние личности кои сакаат брзина и кои уживаат во спортските автомобили.

Ford Fiesta се покажа како одличен хечбек кој служи како мултипрактик возило, што значи дека со него лесно можете да се снајдете во градскиот метеж, но слободно можете да тргнете и на долг пат и да уживате во удобното и безбедно возење. Сепак, Ford одлучи на јавноста да ѝ пружи и нова спортска верзија од Fiesta која е навистина феноменална и која покажува дека спортскиот дух лежи во секој хечбек.

Новиот ST-Line Red користи 1.0-литарски EcoBoost мотор кој произведува 140 коњски сили и е поврзан со фантастичен спортски шестстепен менувач кој ги извлекува максималните перформанси од овој економичен агрегат. Иако на прв поглед моторот делува мало, 140-те коњски сили се сосема доволни да го натераат овој градски автомобил да достигне брзина над 200 км/ч. како од шега, што значи дека љубителите на брзините и тоа како ќе уживаат во ова возило.

Што се однесува до изгледот, тука се гледа класичната Fiesta линија, но јасно се гледа и редизајнот кој поседува спортски елементи како спојлери. Ентериерот на новиот модел е исто така максимално дотеран и среден, така што возачите ќе добијат впечаток дека се наоѓаат во модерен и луксузен автомобил.

Ford Fiesta ST-Line Red ќе биде ограничено издание, а засега не е познато колкава ќе биде цената на ова возило, но е потврдено дека тој ќе се најде на автомобилскиот пазар кон почетокот на 2019 година.