ЕХФ одлучи, Еурофарм Работник ја доби вајлд картата за учество во ЛШ

ЕХФ одлучи, Еурофарм Работник ја доби вајлд картата за учество во ЛШ

Битолскиот колектив Еурофарм Работник успеа да дојде до невозможното за кое пред неколку дена веруваа дека нема да го остварат, да дојдат до Вајлд карта за играње во ЛШ.

Фармацевтите од Битола завршија на втората позиција на табелата во домашното ракометно првенство, со што го спуштија место подолу Металург и со тоа си ги отворија своите перспективи кон европскиот ракомет.

Во ваква ситуација Металург идната сезона ќе игра во ЕХФ купот а Еурофарм Работник заедно со Вардар во ЛШ.

Европскиот шампион Вардар оди директно во групната фаза (група А или Б), додека битолскиот ракометен колектив ќе биде сместен во една од групите Ц или Д.

Ждрепката е закажан за 27-ми месецов во Виена, по што ќе се знае против кого ќе треба македонските екипи да ги кришат копјата.