Египќанецот пред суспензија поради недоличен потег на теренот

Египќанецот пред суспензија поради недоличен потег на теренот

Некарактеристичен потег направи египќанецот Мохамед Салахкој кој за првпат ги загуби нервите во Премиер лигата и имаше едно големо промашување на натпреварот со Стоук кој заврши 0:0 на „Енфилд Роуд“, и предизвика многу поголемо внимание во јавноста.

Ѕвездата на Ливерпул го удри Мартинс Инди намерно со рака откако топката веќе не беше во негов посед, а добро познато е дека англиската федерација добро ги разгледува ваквите ситуации и дополнително одредува санкции за истите. За нешто слично, Маркос Алонсо минатата недела заработи три меча суспензија, а бидејќи истото го очекува и Салах, тоа би значело предвремен крај за него во Премиер лигата, но што е уште полошо, крај на надежите за освојување на „Златната копачка“ за која досега водеше рамноправна битка со Меси.

Всушност, Салах беше и во предност до вчерашниот меч на Барселона, но откако Меси постигна хет-трик, сега Аргентинецот е во водство од 32 наспроти 31.