Едуардо Беризо доби отказ!

Едуардо Беризо доби отказ!

Едуардо Беризо повеќе не е тренер на фудбалерите на Атлетик Билбао.

Клубот му врачи отказ на Аргентинецот по синоќешниот пораз од Леванте (3:0).

Атлетик се наоѓа во криза, со само една победа во првенството, поради што клубот падна во опасната зона на табелата. Со само 11 бода, Атлетик е на 18.место на табелата.

Под палката на Беризо, Атлетик, нема победа на 13 натпревари во низа.

Беризо е поранешен тренер на Гимназија Ла Плата, О’Хигинс, Селта и Севиља.

Баските веднаш го именуваа и наследникот на Беризо, тоа е досегашниот тренер на младинскиот тим, Гаизка Гаритано. Како тренер Гаритано работел во Ваљадолид, Еибар и Ла Коруња.