Едноставен рецепт за коктел со џин

Едноставен рецепт за коктел со џин

Ако треба да одбереме еден пијалок кој е апсолутен хит во последните неколку години, дефинитивно тоа ќе биде џин. Овој освежителен пијалок стана вистинска sвезда во многу комбинации за коктели, а особено е популарен во текот на летото кога сакаме да уживаме во ладни коктели направени од оваа атрактивна состојка.

Дојде време за ладни, освежителни пијалоци и коктели што сакаме да ги пиеме во топлите, летни вечерни часови во нашите омилени барови. Но, кој вели дека не можете да направите сами вкусен коктел од џин дома? Благодарение на квалитетните својства на џин, лесно е да се комбинира со многу други пијалоци, сирупи и ароми, за да можете да експериментирате и да создадете свој вкус. 

Рибизла џин

Состојки:

Спрајт – 100 мл;

џин – 40 мл;

сируп од рибизла – 20 ml;

мраз – неколку коцки;

нане – за украсување.

Подготовка: Наполнете чаша со коцки мраз и додадете од џинот. Во посебен сад, измешајте го спрајтот со сирупот и протресете го пијалокот добро, потоа истурете го во чаша украсена со лисја од нане. Послужете го коктелот со сламка.