Един Џеко и Рома ја продолжуваат соработката до 2021 година

Един Џеко и Рома ја продолжуваат соработката до 2021 година

Един Џеко и Рома ќе ја продолжат соработката. Клубот на напаѓачот му нуди договор до јуни 2021 година и функција по завршувањето на професионалната кариера.

Според италијанските медиуми, доколку Џеко и клубот постигнат договор, тој по завршувањето на кариерата би можел да му биде асистент на директорот на Рома, Франческо Тоти.

Според актуелниот договор, Џеко, има годишна плата од 4,5 милиони евра, а новиот договор предвидува зголемување на плата за 500.000 евра.

Инаку, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, неодамна дипломираше на отсекот за спортски менаџмент на универзитетот во Сараево.