Еден Азар го пропушта дуелот против ПАОК

Еден Азар го пропушта дуелот против ПАОК

Еден Азар нема да биде подготвен за утрешниот натпревар на лондонската екипа против грчки ПАОК во Лига Европа.

Азар има проблеми со повреда на зглобот, па нема да биде подготвен за утрешниот натпревар на Стемфорд Бриџ. Оваа информација ја потврди тренерот на Челси, Маурицио Сари кој што верува дека Азар ќе биде подготвен за настап во рамките на Премиер лигата идниот викенд.

Тренерот на Челси исто така потврди дека повреден е и Виктор Мозес, па и тој нема да му биде на располагање за утрешниот натпревар.