Еден Азар е уверен дека Челзи може да се бори за титулата во Премиер лигата

Еден Азар е уверен дека Челзи може да се бори за титулата во Премиер лигата

Еден Азар е уверен дека неговиот тим може рамноправно да се бори за титулата во Премиер лигата со екипите на Манчестер Сити и Ливерпул.

 

Според белгискиот крилен напаѓач, оваа сезона најголеми кандидати за титулата се Манчестер Сити и Ливерпул.

Знаеме дека ќе биде тешко, но мислам дека сме фаворит од сенка. Засега својата работа ја вршиме одлично, победуваме и тоа е добро. Можеме да се бориме за титулата со Сити и Ливерпул, но и Тотенхем се исто така многу силни. Ќе видиме што ќе се случи на крајот. Премиер лигата е непредвидлива – изјави Азар и додаде:

Како и да е, јас верувам во оваа екипа. Сакаме да ја освоиме титулата и сигурно ќе се бориме до самиот крај – изјави Азар.