Двејн Џонсон сподели слатка порака за ќерката

Двејн Џонсон сподели слатка порака за ќерката

Двејн Џонсон со неодолива фотографија и порака ѝ го честиташе првиот роденден на ќеркичката Тија.

46-годишниот актер, познат и како The Rock, сподели фотографија на која позира на кревет со малото девојче, а во описот напиша: „Среќен прв роденден на нашата силна мала убавица Тија Џијана. Навикни се на татините раце малечко, тие секогаш ќе ти го чуваат грбот“.

Нежните и внимателни статуси на Двејн секогаш привлекуваат лајкови и позитивни коментари. Непосредно пред Нова година, тој објави фотографија со двете помали ќерки и напиша:

Татините раце.

Нема да можам засекогаш да ги држам вака, па верувајте дека ќе ги грабнам овие колачиња и ќе ги опсипувам во љубов во секој можен момент.

Плус тоа, знам и дека ќе дојде денот кога татините раце ќе бидат последното место на кое ќе сакаат да бидат. Бебето Тија веќе го има оној израз на лицето „Помогнете ми“. Не можам да гарантирам дека ќе ги сакам и штитам сите мои ќерки до крајот на нивните животи, но можам да гарантирам дека ќе го правам тоа до крајот на мојот.

Двејн Џонсон е татко на три ќерки – две од врската со Лорен Хашијан и една од бракот со Дени Гарсија.