Две верзии за самоубиството на Авичи

Две верзии за самоубиството на Авичи

Авичи не починал од компликации со здравјето туку извршил самоубиство, пишува американскиот магазин TMZ. Според написот, тој се исекол со скршено стакло.

Повеќе извори кои се запознаени со околностите на смртта на шведскиот диџеј Тим Берлинг тврдат дека самиот си го одземал животот, на што неговите родители и пријатели алудирале минатата недела. Дури три извори за TMZ тврдат дека Авичи скршил шише од вино и со парче стакло си нанел фатална повреда. Два извори тврдат дека повредата била на вратот, додека третиот извор тврди дека била на вените над шаката.

Неговото семејство издало соопштение во кое пишувало дека тој „повеќе не можел“ и дека сакал „да пронајде мир“, што остава сомнеж за начинот на кој завршил неговиот живот.