Со две шољи кафе на ден се подобрува секслуалното здравје кај мажите

Со две шољи кафе на ден се подобрува секслуалното здравје кај мажите

Кафето може да ви понуди повеќе од само подобрување на мозочната состојба и будење во раните утрински часови. Мажите кои страдаат од еректилна функција и хипертензија може лекот да го пронајдат во кафето.

Со две шолји кафе на ден кај мажите значително се намалува можноста за развивање на било какви проблеми на сексуално поле.

Истражувањето кое е спроведено на Универзитетот во Тексас вели дека припадниците на посилниот пол кои пиеле по две шолји кафе дневно имале значително подобрување на сексуалниот живот.

Истражувачите го спровеле ова истражување на 3.724 мажи испрашувајќи ги за нивното здравје и животните навики. Оние кои пиеле од 85 до 170 милиграми на кофеин дневно имале значително помалку проблеми на полето на нивниот сексуален живот.

42% од мажите кои ја пиеле препорачаната количина на кафе имале значително помалку проблеми со еректилната дисфункција за разлика од оние кои се држеле до помали или поголеми количини на кафе и кофеин во крвта.

Причината за ваквото природно дејство на кофеинот кон подобрување и одржување на здравата сексуална состојба кај мажите лежи во хемиската реакција која ја создава кофеинот. Дејствува како природна состојка која го зголемува дотокот на крв во половиот орган.

Секако како што е претходно наведено, како што е случајот со помалите количини така и со поголемите. Веќе трета шолја има контра ефекти, односно се намалува ефектот на кофеинот во крвта.

Кафето не е единствениот извор на кофеин. Истражувачите напоменуваат дека доколку не сте љубител на кафето, можете слободно да го замените со чај или некој од спортските пијалаци.