Душко и Јелена купија авион вреден 2 милиони евра

Душко и Јелена купија авион вреден 2 милиони евра

 Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ капарисале скапоцен бизнис џет, кој во моментов се прави во Охајо, а ќе им биде доставен кон средината на летото.

Јелена и Душко решиле да се почестат со приватен авион и за тоа ќе искешираат 2 милиона евра.

„Јелена и Душко се договориле да купат приватен авион како би си го олеснеиле животот. Бидејќи ќе живеат на релација Србија-Кина, ќе им биде многу поедноставно да патуваат. Исто така Јелена настапува по цела Европа, па многу ќе и значи да не губи време по аеродроми. Карлеуша веќе некое време го гледала авионот, а брзо успеала да го наговори Душко да се отвори поради новиот милионски договор“, открива извор близок на парот.

Инаку, Тошиќ настапува за фудбалскиот клуб Гуангжу од Кина, каде годишната плата му е 5.8 милиони евра.