Дурант се врати после два месеци

Дурант се врати после два месеци

Дурант се врати на НБА паркетите после два месеци и тоа го направи со голем стил, бидејќи големата ѕвезда на Бруклин имаше блескави 18 минути во победата над Њу Орлеанс.

Дурант се врати со страшен учинок и без ниту едно промашување во обидите од слободни фрлања, за два поени и три поени, а покрај тоа што уфрли 17 поени, придодаде и со 7 скокови и 5 асистенции.

Инаку, Бруклин го декласираше Њу Орлеанс со 139:111 на домашен терен, Бледсо од противничкиот табор беше најефикасен со 26 поени, а по 24 и 22 постигнаа Кајри Ирвинг и Ламаркус Олдригџ во победничкиот состав.