Дубаи создава населба со пловечки куќи

Дубаи создава населба со пловечки куќи

Како и многу други крајбрежни региони, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се високо чувствителни на порастот на нивото на морето. Според студија на Wildlife Society и World Wildlife Fund водата може да заземе 8,1% од површината на емиратот Аџман, 1,2% од онаа на емиратот Шарџа и 5,9% од онаа на емиратот Ум Ал- Куејн.

Тоа е и причината холандската архитектонска куќа Waterstudio да развијат проект за 33 специјални лебдечки куќи лоцирани на вештачки острови во близина на брегот на Дубаи. Првата од овие ќе биде изградена овој месец, вели Бизнис инсајдер.

Всушност 33-те куќи ќе бидат дел од првата фаза на проектот, на кој од Waterstudio работат заедно со францускиот океанограф, Жан-Мишел Кусто. Засега нема определен рок до кој треба да биде завршенп лебдечкото „маало“.

Покрај приватните куќи на вештачките острови ќе бидат изградени уште дворови кон секоја од нив со базени и вегетација. Вкупната површина на вештачко земјиште ќе биде помеѓу 14 илјади квадратни метри и 41 илјади квадратни метри.

Пловечките куќи ќе бидат достапни само по вода или со хидроплан. Идејата не е да се поврзат со островот, за да можат да се движат заедно со зголемувањето на нивото на морето.

Проектот може се уште да е само на хартија, но сите 33 вили биле продадени уште со најавата во 2015 година. Секоја од нив ќе се продава меѓу 23 и 27,5 милиони долари.