Дуа Липа има најслушан албум на светот

Популарната пејачка со потекло од Балканот, Дуа Липа, постигна голем успех со својот прв албум, срушувајќи го рекордот на Тејлор Свифт.

Нејзиниот албум вчера официјално стана најслушан албум на женски изведувач во светот. Албумот е слушан преку 9,5 милијарди пати низ целиот свет, вклучувајќи ги и стриминг на Spotify и YouTube прегледи.

Рекордот пред Дуа Липа го држеше Тејлор Свифт, со 1989. кој дојде до оваа титула иако албумот не беше достапен на Spotify долго време, а на YouTube не беа објавени песни.

Албумот на Дуа излезе во 2017 година, а ги вклучува големите хитови како New Rules и IDGAF. На крајот на годината, таа ја објави целосната верзија на овој албум, кој исто така го вклучува и популарен хит со BLACKPINK.