Дуа Липа и Ајзак Кару заедно и заљубени во Њујорк

Дуа Липа и Ајзак Кару заедно и заљубени во Њујорк

Дуа Липа и Ајзак Кару не дозволуваат гласините за неверство да внесат тензија во нивната врска. Актуелната музичка ѕвезда и британскиот модел беа фотографирани на прошетка во Њујорк.

Парот си разменуваше бакнежи и релаксирано се движеше низ улиците на „Големото јаболко“.

Пред само неколку дена, медиумите објавија видео во кое Ајзак танцува во ноќен клуб и алудираа на неверство.

Тој на Instagram веднаш ги негираше гласините дека ја изневерил Липа, со која неодамна ја обновија врската, со пораката:

„Не би сакал да мислите дека Дуа е во врска со некој кој не ја сака и почитува. Таа не би го поднесувала тоа. Јас и Дуа паднавме во рацете на таблоидите кои прават драма и нè поврзуваат со други луѓе кога нема вистина во тоа. Бев во геј бар, танцував со пријателка и тоа беше прикажано во лошо светло. Немаше бакнување и сум разочаран од себеси што барем накратко танцував, со оглед на начинот на којшто бев прикажан. Беше гласен бар и јас ѝ зборував на уво.

Не верувајте во сè што ќе видите, затоа што овие луѓе се платени за да предизвикуваат драма.

Ние сме многу среќни што повторно сме заедно. Поминавме 3 и пол години среќни заедно со верност и љубов и не раскинавме првиот пат заради што имавме такви проблеми. Раскинавме поради конфликти во распоредите и што не можевме да бидеме заедно. За среќа, нашата кожа е поцврста и љубовта е посилна од ова.“

I wouldnt want you to think that Dua is in a relationship with someone who doesnt love and respect her. She wouldn’t stand for it. Both Dua and I have fallen into the hands of tabloids causing drama and linking us to different people when there is simply nothing there. I’m in a gay bar dancing with a friend and its been shown in a bad light. There was no kissing and im disappointed at myself for even dancing for a brief moment given the way it was portrayed. It was a loud club and i was talking to her in her ear. Don’t believe everything you see because these people are paid to create drama. We are very happy being back together. We spent 3 and half years happily together with loyalty and love and we never broke up in the first place because we had problems like that. We broke up because of scheduling conflicts and not being able to be together. Luckily our skin is tougher and love is stronger than this.

A post shared by ISAAC CAREW (@isaaccarew) on