Драма на синоќешното дерби во грчкото првенство помеѓу ПАОК и АЕК

Драма на синоќешното дерби во грчкото првенство помеѓу ПАОК и АЕК

Иван Савидис, претседателот на ПАОК влезе во теренот со пиштол и им се закануваше на судиите поради поништен гол во финишот од натпреварот.

На главниот судија не му остана ништо друго освен да го прекине дуелот, а по два часа во соблекувалните ја променил својата одлука и го признал голот што дополнително фрла дамка на целото првенство.

Утринава Премиерот на Грција, Алексис Ципрас го собра највисокиот државен врв и во договор со министерот за спорт објави прекин на првенството додека не се завршат дисциплинските постапки за сите кои учествуваа во инцидентот.

Грците се во постојан контакт со УЕФА и до крајот на денот ќе се знаат конечните резултати. Во моментов не се знае ни дали ќе се доигра остатокот од грчкото првенство.

Можеби ова треба да се случи и кај нас иако, реално, во македонското првенство уште не сме стигнале до оваа фаза. Нема да биде чудо ако во некоја од следните сезони функционер на клуб го земе Савидис за пример кога нема да му се допаѓа резултатот од натпреварите.